Маж од градот Милдура во Австралија објави фотографија со која сака да му покаже на светот колку е моментно жешко во неговата земја.

Тој оставил свежо парче месо во својот автомобил паркиран на сонце и по неколку часа тоа парче месо било испечено и подготвено за сервирање.

– Тој експримент го направив околу 11 часот претпладне. Оставив парче месо во автомобилот. Се вратив околу 16 часот и месото беше подготвено за сервирање, напиша анонимниот Автралијанец.

Експери велат дека поради топлотниот бран такви работи се можни и уште еднаш апелираа до граѓаните да не оставаат во автомобилите домашни миленичиња или деца.