Државно-црковната делегација на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.

Собрание

„Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Пимен и Георги, присутните ја примија пораката за важноста на делата на Кирил и неговите наследници.

Собрание

Кирил и Методиј не се само великани, туку темел на нашата историја и нашето битие, денес сме повикани да се угледаме на нив и да разбереме, затоа што денес нивните дела и делата на нивните следбеници живеат во животот на сите кои ги почитуваат“, се наведува во соопштението од Собранието.

Собрание

Државната делегација положи венец со свежо цвеќе на гробот на Свети Кирил, оддавајќи почит на неговото дело и наследство во ширењето на знаењето, писменоста и културата меѓу словенските народи.

Собрание

Во продолжение на програмата, делегацијата ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде претседателот на Собранието и членовите на делегацијата положија венец на Плочата на македонски јазик.

Собрание

Делегацијата, исто така, го посети и гробот на папата Франциск, каде беше положена бела роза во знак на почит.