Јованка КЕПЕСКА
(Оддел од книгата ан Кепеска, само што неизлезена од печат, „Македонските идентитетски прашања“)
За да се издејствува подршка на Македонија во пресрет на разрешувањето на односите со соседите и интеграцијата во евроатлантските организации од словенските народи, децении наназад се изрелативизира значењето на словенските просветители за Македонците. Да наведеме само еден цитат приопштен во рефератот на Свечената научна академија на МАНУ, во чест 1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, според кој тој се означува, единствено, како „велик сесловенски учител, простветител, мисионер, духовник, прв епископ меѓу јужните Словени и основоположник на црквата,“ во Охрид, во август 2016 година. Додека присутните академици од Словачка и Црна Гора го апострофира македонското значење на св. Климент.
Во нашето образование и во јавноста, во минатото, помалку или повеќе, отсуствуваа темите за создавањето и развојот на македонскиот народ што прерасна во очигледната причина за неспремноста и за непознавањето на проблематиката, при расчистувањето на спорните прашања во дебатата околу договорите со соседите и за спротивставување на ставовите околу создавањето на македонскиот народ и неговиот јазик.
Поради фактот дека мисијата на св. Кирил и Методиј е за покрстување на словенските народи врз словенскиот јазик се јавуваат колебањата дали, со оглед на јазикот што го употребуваат и со нивното творештво, и би можеле да се поврзат со Македонците. Иако, со творечкото дело св. Кирил и Методиј, во рамките на мисијата која ја вршат во име на Византија, се заложуваат за словенскиот јазик, создавајќи го како литературен, со азбуката и како подготвен за писменост, барајќи рамноправно застапување на трите јазици во Европа, словенскиот јазик да стане јазик на Европа, со олед на неговата оригинерност и како вредност на Европа, сепак, не се исцрпуваат нивното значење и дело.
Причината за ваквото колебање е и недоволно теоретски расчистениот одговор дали во времето на просветителите и може да се говори за почетоци на македонскиот народ. Иако, според релевантните за настанокот и развојот на македонскиот народ и од значење за јазикот, како и за другите народи и другите јазици, научните ставови, развиени во рамките на социологијата, за создавањето на народот, отпочнува во раниот феудализам, според филозофијата, дека новите народи се создаваат во ренесансата.И покрај тоа што наследство носиме и од старите народи.
За македонскиот народ, меѓутоа, карактеристично е дека има многу ран почеток на ренесансата, на што не упатува историјата на уметноста. Тоа може да се проследи и за раниот почеток на создавањето на македонскиот народ. Да се потсетиме на фреската „Оплакувањето на Христос“ од црквата св. Пантелејмон во с. Горно Нерези, од 12 век, која носи ренесансни карактеристики истоветно и со пишаната литература и заложбите за писменост и за развој на науките на просветителите. И покрај тоа што ренесансата на овие простори е прекината во 14 век, во векот, кога отпочнува во Европа.
И покрај периодот, од речиси четири века, во средновековието, што Крсте Мисирков, во однос на другите словенски народи, го определува како релативен застој во развојот на македонскиот народ и во кој период се создава единствено народното творештво кога другите народи изградуваат литературен јазик и создаваат пишана литература.
Круме Кепески, творејќи на развојот на македонскиот јазик, велеше: „Јас го знаев јазикот на св. Кирила и Методија и на Климента и на Наума“ поради што може да се говори и за корените на македонскиот јазик во творештвото и во глаголицата, кај св. Кирила и Методиј, засновани на јазикот на припадниците на македонските склавини околу Солун. Така што јазикот ја отсликува македонската бит. Со своите творби св. Кирил и Методиј и Климент и Наум, затоа се и македонски просветители. А со внесувањето на македонскиот јазик во пишаните творби, засновувајќи ја писменоста и внесувајќи сознанија во практичниот живот, тие се втемелувачи на македонскиот идентитет.




