На 24.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:45 часот, на регионалниот пат езеро Младост-Велес,  во близина на крстосница на улица „Академик Пенчо Давчев“ со улица „Димитар Андонов Папрадишки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.К.(35) од Велес и патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(45) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и сопатниците во возилото 47-годишната Т.Д. и 16-годишен малолетник, констатирани во Општа болница Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.