-Д-р Пол Марик (Paul Marik) со децении беше еден од столбовите на американската и светската академска медицина. Со над 500 научни трудови рецензирани во престижни медицински списанија и статус на еден од најцитираните светски експерти во интензивната нега, неговиот авторитет во медицинската заедница беше несомнен. Меѓутоа, за време на пандемијата со КОВИД-19, неговото јавно застапување за алтернативни протоколи за лекување и употребата на евтини, пренаменети лекови како ивермектинот, го внесе во директен судир со здравствените власти и фармацевтската индустрија.
Денес, д-р Марик го префрла својот фокус кон онкологијата, застапувајќи ја тезата дека ракот примарно е метаболички дефект на клетката. За МИА, д-р Марик отворено зборува за улогата на шеќерите во хранењето на ракот, потоа дали може да се лекува со други лекови или суплементи, паралелно со хемотерапија, контроверзите околу витамините, но и за спајк протеинот од мРНА вакцините и прележаниот КОВИД.
„Ивермектинот дејствува преку повеќе патишта и повеќе рецептори за да измени повеќе патишта. Сега во однос на клиничките податоци, постојат неколку извештаи за случаи. Тоа е проблемот. Многу е тешко да се проучува. Никој не сака да спонзорира лек кој СЗО го продаваше за два центи. Ако не можете да заработите пари на лек, никој нема да го проучува. Така едноставно функционира ова во овој свет. Тоа значи дека веројатно никогаш да се направат големи клинички студии и тоа нема да се случи бидејќи никој не сака да ги спонзорира“, вели Марик во интервјуто.
Сепак, предупредува дека ивермектинот не е волшебен лек кој дејствува кај секој болен од рак и воопшто не исклучува да се користи и хемотерапија.
Од друга страна, тој вели дека голема количина на Б12 со фолати и кај пушачи, како и голема концентрација на витамин Ц кај болните од концер може да е проблем, бидејќи клетката на ракот ја прават посилна.

Д-р Марик: Сегашната теорија за канцерите врз основа на која лекуваме едноставно не држи вода и не е точна
Д-р Марик, Вие застапувате една провокативна теза: дека ракот, во својата суштина, не е само генетска несреќа, туку примарно метаболички проблем. Можете ли да ни објасните како точно настанува канцерот според оваа теорија и што се случува на ниво на клетка? Дали тоа значи дека со менување на „горивото“ што го користат нашите клетки, ние всушност можеме ефикасно да го контролираме или дури и да го запреме растот на туморот?
-Значи, причината за ракот е донекаде комплицирана и не е во целост разбрана. Тековно постои соматската мутациска теорија каде имате одреден број на предизвикувачки настани или карциногени кои дејствуваат на нуклеарниот материјал предизвикувајќи мутација која ги менува карактеристиките на клетката, таа станува малигна и потоа расте во популација на клетки со ист генетски дефект за на крај да добиеме огромна популација на клетки со ист генетски дефект.
Тоа е познато како соматска мутациска теорија и е покажано конклузивно, категорички, дека тоа не се случува. Значи, таа теорија едноставно не држи вода и не е точна. И ако го погледнете генетскиот состав на канцерите, тие имаат повеќе мутации. Тоа се различни мутации. Нема заедничка мутација. Многу немаат двигателни мутации. Некои имаат само неколку мутации. Некои немаат воопшто никакви мутации. Тоа е многу хетерогена популација на клетки без заедничка мутација. И малку е веројатно дека овие мутации го создаваат ракот. Поверојатно е дека овие мутации се секундарни во однос на метаболичките абнормалности кои се случуваат во клетката.
Ото Варбург беше првата личност која ги забележа метаболичките промени во клетката, дека клетките стануваат многу зависни од гликоза, аеробна гликолиза, и така произведуваат АТП (н.з. аденозин трифосфат, молекул во кој се складира енергијата во клетката) заобиколувајќи ја оксидативната фосфорилација во митохондриите. Ова е Варбурговиот ефект. И кај секој единечен рак кој бил испитан, Варбурговиот ефект е забележан. Значи ова не е само теорија. Тоа е апсолутно научно документирано кај секој единечен рак. Покрај абнормалностите во метаболизмот на гликозата, постои метаболизам во цела серија на метаболички патишта кои имаат врска со апоптозата, делбата на клетките и енергетскиот метаболизам. Значи, тоа е обединувачки концепт дека ова најверојатно е метаболичка болест. Ова е веројатно мултифакториелно. Не е во целост разбрано. Веројатно е дека голем број на фактори дејствуваат на митохондриите за да ја нарушат нивната функција. Кога се гледа под микроскоп, речиси сите канцери имаат абнормалности во бројот на митохондриите, структурата на митохондриите, функцијата на митохондриите — и тоа е заеднички пат. Голем број на фактори — онко вируси, карциногени, инсулински отпор, метаболички фактори — дејствуваат на митохондриите, предизвикуваат митохондријална дисфункција и потоа преку интеракција помеѓу митохондриите и јадрото постои овој ретрограден пат. Потоа се добива активација на прото-онкогени, имуносупресивни онко гени и генетски промени. Значи мутациите се веројатно секундарни во однос на метаболичките промени.
Оваа таканаречена теорија всушност е докажана без сомнеж. Постојат експерименти каде го земаат јадрото на канцер – клетката. Можете да правите органелни трансплантации. Значи ако го земете јадрото на ракова клетка и го ставите во нормална клетка, би очекувале дека го пренесувате потенцијалот на ракот на новата клетка. Новата клетка не станува малигна. Значи ако го ставите јадрото на малигна клетка во нормална клетка, нормалната клетка не станува малигна. Не можете да го пренесете потенцијалот на ракот. Меѓутоа, ако го направите тоа обратно, ако ставите нормално јадро во ракова клетка, раковата клетка сè уште го задржува својот потенцијал на рак. Значи овие експерименти заедно со Варбурговиот ефект и сите метаболички ефекти јасно укажуваат дека основниот проблем не е во јадрото туку во цитоплазмата и митохондриите.
И во однос на клиничките патишта, мора да постојат 25 до 30 метаболички патишта кои се изменети во раковата клетка. И така раковите клетки се многу флексибилни и можат да ја сменат енергијата, да преминат од еден извор на енергија на друг во зависност од тоа што е блокирано. Значи тоа е динамичен комплициран процес. Не ги разбираме сите работи кои се вклучени. Постојат многу неодговорени прашања. Но мислам дека може прилично самоуверено да се каже дека соматската мутациска теорија е погрешна. И ова е теоријата на која е заснована онкологијата. Ова е теоријата на која е заснована хемотерапијата, основно насочувајќи се кон хромозомите на каков било начин. И значи ако теоријата е погрешна, лекувањето е погрешно и затоа толку многу пати не успева.
Дали има разлика меѓу канцерите кај различни возрасни групи, а со тоа и лекувањето да е различно?
Треба да се напомене дека детските канцери и канцерите кај возрасните се многу различни метаболички и генетски. Значи она за што зборувам сега се тумори кај возрасни. Детските тумори имаат различен пат. Помалку зависат од факторите на околината. Често се зависни од ембрионални промени и промени кои настануваат рано. И овие канцери се многу поосетливи на хемо. Детските ракови биолошки се однесуваат поинаку од раковите кај возрасни. Тие се многу похомогени. Се однесуваат многу различно и нивниот извор е различен. Обично се од ембрионално или слично потекло.
Значи тоа е приказната накратко. Бидејќи ракот е метаболичка болест и постојат повеќе метаболички патишта, начинот на лекување на пациентот е да се блокираат овие метаболички патишта и најважниот е ефектот на гликозата, Варбурговиот ефект. Постојат повеќе ензими и повеќе транскрипциони фактори вклучени и затоа постојат повеќе лекови и повеќе нутрацевтици кои дејствуваат на многу од овие ензими и регулаторни фактори за да го попречат метаболизмот на гликозата. И ако го пресечете изворот на гликоза, тоа помага во убивање на клетката. Но постојат и други патишта кои вклучуваат синтеза на липиди. И затоа го користиме тофатин. Го користиме доксициклин кој оди кон митохондриите. Значи ја попречува оксидативната фосфорилација. Користиме и бета-блокатори бидејќи раковите го изразуваат бета-рецепторот и тоа предизвикува пролиферација и метастазирање. Значи можете да ги блокирате со бета-блокатори. Значи тоа е еден вид на преглед.
Тоа е очигледно многу комплицирана тема. Ракот е многу комплексна болест за која навистина немаме целосно добро разбирање, но тоа е веројатно разумен преглед на разбирањето во оваа точка.

Д-р Марик: Ивермектинот не делува кај секого, но постојат барем 25 различни метаболички патишта преку кои тој ги попречува раковите клетки
Вашите тврдења за ивермектинот како моќно антиканцерогено средство предизвикаа големи контроверзи, особено затоа што најголемиот дел од доказите сè уште се во лабораториска фаза. На какви конкретни докази ги темелите Вашите тврдења дека овој лек е ефикасен кај луѓето?
Ивермектинот е интересен. Навистина функционира. Нема сомнеж дека функционира. Критиките се засновани на друг факт, а тоа е дека тој е ефтин и сосема безбеден лек и затоа го загрозува интересите на големата фармација и онколошката индустрија. И нивната цел не е да ги лекуваат пациентите. Дозволете ми да го кажам тоа повторно. Целта на индустријата и „голема фарма“ не е да ги излечат пациентите туку да заработат пари. Тоа е многу важно. Ивермектинот има безбедносен рекорд кој е неспоредлив. Милијарди дози се дистрибуирани на милиони пациенти. Тоа е еден од најбезбедните лекови на оваа планета. Ако одите во базата на податоци за фармаковигиланца на СЗО, податоците се таму. Бројот на несакани ефекти ширум светот поврзани со ивермектин е минискулен. Тој е еден од најбезбедните лекови.
Второ, постојат барем 25 различни метаболички патишта преку кои тој ги попречува раковите клетки, што е репродуктивно докажано ширум светот во повеќе центри, од страна на повеќе научници. Најважно е дека ги инхибира раковите матични клетки. Само да напоменам дека хемотерапијата и радиотерапијата ја активираат раковата матична клетка и главно резултираат со доцна метастаза и доцна болест, што е апсурдност. Ивермектинот ја инхибира раковата матична клетка преку Wnt сигналниот пат (н.з. тоа е комплексен мрежен систем од протеини кои испраќаат сигнали во клетката. Овој сигнален пат е клучен за развојот на ембрионот и за матичните клетки. Меѓутоа, кај ракот, Wnt патот често е „хиперактивиран“ и буквално им дава наредба на раковите матични клетки постојано да се делат, да се обновуваат и да метастазираат), како и преку други патишта. Ивермектинот индуцира апоптоза, предизвикува митохондријална дисфункција, индуцира автофагија, потиснува сигнализација, најважно дејствува на ПАК (н.з. ензими – протеински кинази, кои го контролираат движењето на клетката, нејзиниот раст и нејзиното преживување. Овие ензими се многу активни во повеќето агресивни тумори) инхибицијата, ја инхибира ангиогенезата, ја менува туморната микросредина. Значи тоа се само некои од докажаните механизми на дејство на ивермектин во рецензирани публикации. Значи не зборувам за безвредни трудови. Тоа се студии направени од угледни научници и објавени во угледни списанија. Значи антираковиот ефект на ивермектин е несомнен. Всушност, беше објавен труд пред можеби две или три недели во PLOS ONE. PLOS ONE е добро признато рецензирано медицинско списание кое покажува дека ивермектин, кај пациенти со рак на дојка, особено кај пациенти со ендокрин рак на дојка, покрај сите други механизми на дејство на ивермектин, го таргетира естрогениот рецептор, го таргетира хормонскиот рецептор, модулира цела серија на патишта во ендокрините ракови клетки. Значи се врзува за естрогениот рецептор и го инхибира. Исто така се врзува за андрогениот рецептор кај пациенти со рак на простата. Значи за разлика од стандардната хемотерапија која се состои од алкилирачки агенси или какви и да е, без оглед на нивното цитотоксично дејство, тие дејствуваат преку еден пат и само еден пат, кој е да ги уништат или оштетат клетките кои брзо се размножуваат и хромозомите. Ивермектинот дејствува преку повеќе патишта и повеќе рецептори за да измени повеќе патишта.
Сега во однос на клиничките податоци, постојат неколку извештаи за случаи. Тоа е проблемот. Многу е тешко да се проучува. Никој не сака да спонзорира лек кој СЗО го продаваше за два центи. Ако не можете да заработите пари на лек, никој нема да го проучува. Така едноставно функционира ова во овој свет. Значи да се направат големи клинички студии веројатно никогаш нема да се случи бидејќи никој не сака да го спонзорира. Всушност, „голема фарма“ се труди колку што може да го спречат тоа да се случи или ако се случи, ќе го дизајнираат истражувањето така да пропадне. Имало извештаи за случаи. Јас лично видов пациенти со тумори кои беа отпорни или не успеаа со стандардна хемотерапија. Дозволете ми да го кажам тоа повторно. Пациенти со рак на дојка, рак на простата, рак на белите дробови кои не успеале со конвенционалната терапија, кои беа ставени на режим на ивермектин, мебендазол, куркумин, зелен чај и одговорија на лекувањето. Влегоа во состојба без докази за болест и изгледаше дека се во ремисија.
Нема студии, има докази
Ако е така дали ивермектинот е лекот за некои видови рак и пациенти, за кои специфични типови на рак го препорачувате и во какви дози, со оглед на тоа што официјалните онколошки протоколи воопшто не го признаваат?
Тоа не значи дека секој единечен пациент одговара. Тоа би било наивно. Постојат некои пациенти со напредна болест или агресивна болест кои не одговараат. Но, лично видов пациенти со болест во завршна фаза кај кои се случи пресврт. Тоа е само факт. Можам да ви кажам за еден пациент кого го имавме на конференција. Неговото име е Пол М. Имаше метастатски рак на простата. Не успеа со сите терапии. Неговиот онколог го пратил дома да умре. Тогаш слушнал за ивермектин. Зел ивермектин, плус неколку други нутрацевтици и денес оди на танцување. Значи овој човек кој беше врзан за кревет со болест во завршна фаза сега е функционално човечко суштество. Значи фактот дека некаде функционира е несомнен. За жал немаме големи студии и ако размислите за тоа, да направите рандомизирано контролно испитување со ивермектин би било невозможно бидејќи никогаш не користиме само еден агенс. Секогаш користиме барем четири или пет. Развив протокол наречен метаболичка стапица кој користи барем пет лекови, веројатно шест или седум. Значи ако направите рандомизирано испитување, би морале да имате шест, седум, осум гранки на студијата, што би било логистички невозможно. Второ, неетички е ако имате лек за кој мислите дека функционира, неетички е да го задржите тој лек и да им дадете на пациентите плацебо, и затоа би било неетички да се направи студија со плацебо ивермектин. Тоа е едноставно неетично.
Постојат практичари ширум целиот свет. Не мислам дека постои земја или континент кој не го користел и не го користи ивермектин за лекување на рак. Значи ако ивермектинот не функционираше, не би ја имал оваа широка употреба. Проблемот очигледно е дека критичарите велат дека сакаат рандомизирани контролни испитувања. Тие никогаш нема да се случат. Пациентот зборува сам за себе. Еден анегдотски случај е анегдота, но 100 анегдоти претставуваат серија на случаи. Се обидуваме да направиме серија на случаи, но тоа не е лесна работа. Не е исто со инфекција каде резултатите се веднаш видливи. Со ракот гледате на преживување од пет години. Значи мора да ги следите овие пациенти пет години. Значи клинички е тешко да се проучува. Знаеме дека кај животни и инвитро студии тоа е многу ефикасен агенс преку повеќе различни патишта. Најважно, прво не нанесува штета. Знаеме дека е безбеден. Нема апсолутно никакво прашање за неговата безбедност.
Значи аргументот кој би им го кажал на овие онколози кои се многу агресивни и отпорни е дека добро, тоа е безбедно и не предизвикува никаква штета. Што имате да изгубите со давањето на ивермектин на пациентот? Ако пациентот го сака. Тоа е нивно право. Тоа е нивен избор. И безбедноста е толку важен фактор. Ако не им предизвика никаква штета, што имате да изгубите? И мислам дека тоа е важно. Автономијата на пациентот и согласноста на пациентот и одлучувањето на пациентот станаа навистина важно прашање и пациентите треба да можат да одлучат каков третман сакаат. Другата работа е нашиот метаболички пристап, можете да го давате паралелно со конвенционалната хемотерапија или можете да користите она што е познато како метрономска хемотерапија каде користите пониски дози на хемо кои се даваат орално. Значи на еден начин тоа е најдоброто од двете страни.
Значи она што го кажувам е дека ова е развојна тема. Ги немаме сите одговори, но хемотерапијата, ако го погледнете исходот на хемотерапијата и постојат многу добри студии кои го разгледуваат влијанието, ако го погледнете преживувањето на ракот во последните 20 години, вкупно е околу четири години подобрување во преживувањето, но поголемиот дел од тоа се должи на општата медицинска состојба и медицинската поддршка. Ефектот на хемотерапијата, и ова е објавено во рецензирани медицински списанија, во однос на продолжување на животниот век е 3-4 месеци. И просечниот трошок за курс на хемотерапија е над 100.000 американски долари годишно. Значи ова е вежба за заработка на пари. Има ужасни ефекти врз квалитетот на животот. Им давате на пациентите лек или лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, што изгледа апсурдно бидејќи имунолошкиот систем, вашите клетки убијци, вашите макрофаги, вашите Т клетки, веќе се потребни за да го задржат ракот под контрола. И така речиси сите пренаменети лекови и нутрацевтици кои ги имаме го подобруваат имунитетот и микросредината, освен хемотерапијата која апсолутно го урива вашиот имунолошки систем.
Значи пациентите можат да одлучат што сакаат. Дали сакаат само хемо? Дали сакаат хемо со пренаменети лекови? Дали сакаат комбинација? Дали сакаат само пренаменети лекови? Тоа е избор на пациентот. Би сакал да можам да кажам дека постојат студии за ивермектин. Мислам дека тоа никогаш нема да се случи. Кога еден лек нема финансиски стимул, повторно ќе кажам, страшен е светот во кој живееме. Парите движат се. Нема финансиски стимул да се проучува ивермектин како средство што би се користело кај ракот. Ако погледнете некои од поновите лекови, тие чинат над 100.000 долари годишно. И така ова е жестока конкуренција и фармацевтската индустрија и медицинско-индустрискиот комплекс ќе направат сè што можат за да ја потиснат употребата на ивермектин.

Д-р Марик: Тековното наше разбирање е дека кај пациенти со рак избегнувате Б1, Б12, не сме сигурни за Б6, и избегнувате антиоксиданти кои вклучуваат витамин Ц, коензим Q итн
Ивермектин – да, фенбендазол – не
Д-р Марик, имате интересни ставови за поврзаноста на Витаминот на Б12 и ракот… велите дека големи дози на овој витамин, заедно со фолати и кај пушачи може да е проблем. Слични препораки имате и за витаминот Ц и антиоксидансите. Витамините обично ги сметаме за потребни за да бидеме здрави…?
-Имам генетски дефект. Двојно сум хетерозиготен. Значи земав висока доза на Б1 и висока доза на Б12 и мислев дека правам нешто правилно. Но, потоа постои огромен доказ, и ова е во рецензирана литература – витамин Б12 всушност е потребен за раст на клетките на ракот, пролиферација на тие клетки и нивно преживување. Ако размислите за тоа, првите лекови против рак беа антифолати, лекови кои го блокираа метаболизмот на фолатот и овие лекови кои го блокираа фолатот предизвикаа раковите клетки да умрат. Значи има смисол давањето на фолат кој е Б1, а Б12, всушност ќе го активира растот на раковите клетки. И ова е покажано во повеќе студии. Повеќето од овие се опсервациони студии дека Б1 и Б12, пациентите кои ги земаат имаат намален животен век. И тоа има смисол биохемиски бидејќи ако го блокирате фолатот тоа има антиракови ефекти. Ако давате фолат тоа предизвикува пролиферација на клетките. Исто важи и за антиоксидантите. Раковите клетки се во оваа многу нестабилна состојба, тие произведуваат оксиданти и прооксиданти. Имаат ограничена антиоксидантна одбрана. Значи ако давате антиоксиданти на пациенти со рак, тоа го превртува балансот во корист на раковата клетка и и дозволува на клетката на ракот да преживее и да се одбрани од оксидантната повреда. Значи тековното наше разбирање е дека кај пациенти со рак избегнувате Б1, Б12, не сме сигурни за Б6, и избегнувате антиоксиданти кои вклучуваат витамин Ц, коензим Q итн., што се вклопува во метаболичкиот пристап кон лекувањето на ракот.
Ако луѓето мислат дека ова можеби не е важно, погледнете ја литературата. Она што ви го кажувам денес, не е скриено во списанија до кои се нема пристап. Сè што реков денес е достапно во рецензирани медицински списанија и веројатно најлесно е да прашате вештачка интелигенција. ВИ не лаже во поголемиот дел од времето. Вештачката интелигенција не е претходно програмирана онака како луѓето мислат и ќе ви го даде одговорот. Но ако не сакате да го правите тоа, одете на “ПабМед” или “Медлајн”и побарајте сами. Значи важно е да го валидирате она што луѓето го кажуваат. Постојат многу практичари кои сакаат да ги искористат пациентите за пари. Вчера слушнав за практичар кој прави консултации. Само прави консултација, прави една или две контроли. Има некаква програма за која нема да зборувам и наплаќа 900 долари за една консултација. Значи заработува многу пари со искористување на пациентите.
Како што знаете, развив Субстек профил, https://paulmarik.substack.com/, и се обидувам да ја покријам речиси секоја тема поврзана со ракот. Пациентите можат да пристапат бесплатно. Повеќето луѓе кои пристапуваат до мојот Субстек, и можеби можете да им ја дадете адресата на вашите читалели, регистрирањето е бесплатно. Постојат и некои кои плаќаат. Добивам повици секој ден од луѓе кои ме прашуваат прашања за различни работи. Никогаш не сум наплатил на пациент никогаш за давање совет. Мислам дека е моја морална и етичка должност да им помогнам на пациентите наместо да ги искористувам или да ги искористам предностите. Многу од овие пациенти се финансиски загрозени само затоа што поминале низ системот. Ги пробале сите можни работи кои честопати не успеале. Значи мора да бидете многу внимателни во докторот кој го избирате и третманите кои ги користат бидејќи постојат многу терапии кои можеби не функционираат и уште полошо може да бидат штетни.
Можам прилично самоуверено да кажам дека сме развиле протоколи и пристапи кои се безбедни бидејќи како што реков, битно е прво да не нанесува штета. Значи ниеден од агенсите кои навистина ги препорачуваме или предлагаме не се поврзани со тешка токсичност.
Значи можеби ќе зборувам за фенбендазол кој изгледа дека е прилично популарен. Пред сè, во многу земји, ЕУ и во САД, тоа е производ за животни и е незаконски за лекар да препише фенбендазол и можеби постојат некои добри причини бидејќи неговата чистота е под прашање. Неговата фармакокинетика никогаш не е проучувана. Неговото влијание на човечкото тело не е проучувано. Неговата апсорпција и дистрибуција не е проучувана. Но од друга страна постои Џо Типенс, кој имаше завршна фаза на рак на белите дробови. Негов пријател, ветеринар, го советувал да земе фенбендазол и тоа очигледно го излечило неговиот рак и сега е без рак. Фенбендазолот веројатно работи кај луѓе, но не е добро проучуван. Значи мора да бидете многу внимателни. Другата работа е дека се дава во високи дози кои ги препорачуваат некои од овие практичари. Знаеме дека предизвикува болест на црниот дроб и откажување на црниот дроб. Значи мора да бидете внимателни. Значи јас не го препорачувам токму поради тие причини. Не е добро проучуван кај луѓе и всушност е нелегално лекарите да го препишуваат. Пациентите можеби сакаат да го земат. Тоа е нивен избор. Но тоа е нешто што лекарите навистина не треба да го препишуваат бидејќи едноставно нема човечки податоци и не е одобрено за употреба кај луѓе.
Метиленското сино не е добро за канцер
Во мојата земја, метиленското сино со децении е најпрепорачуваниот третман за афти и проблеми со усната слузокожа, а се користи и при одредени радиолошки снимања. Денес, метиленското сино станува исклучително популарно во анти-ејџинг протоколите како моќен антиоксиданс за митохондријално подмладување. Се користи во значително повисоки системски дози за третирање на Лајмска болест, различни токсичности, па дури и во ковид-протоколи. Бидејќи овие примени вклучуваат многу повисоки концентрации отколку едноставната локална употреба за афти, дали сметате дека овие системски третмани се спорни?
-Генерално, мислам дека за КОВИД, за долг КОВИД, за многу автоимуни болести е добро. Мислам дека за рак метиленското сино е лош избор, бидејќи она што го прави, метиленското сино е дека дејствува на митохондриите и дејствува на цитохром Ц и ја зголемува митохондријалната функција, значи загриженоста е дека метиленското сино ќе го зголеми малигниот потенцијал на клетки на ракот. Значи наместо да им даде предност на човечките клетки, ќе им даде предност на клетките на ракот. И тоа е слично на терапијата со црвена светлина која, бидејќи честопати двете се користат заедно, метиленското сино и терапијата со црвена светлина ќе ја енергизираат раковата клетка. Значи рак клетката е многу нестабилна во однос на нејзиниот оксидантно-антиоксидантен баланс, во однос на нејзиниот енергетски баланс и АТП. Значи ако направите нешто кое и дава предност за преживување на рак клетката, може да му помогнете на ракот. Значи метиленското сино од моја гледна точка не е индицирано. Сега постои нешто наречено фотодинамичка терапија во која луѓето користат светлина и различни светлосни сензибилизатори и може да го даваат системски во туморот. Повеќето од тие се специјални фотосензибилизатори. Разбирам дека постојат некои практичари кои го користат метиленското сино како дел од фотодинамичката терапија. Не можам да ви кажам бидејќи не мислам дека има доволно информации за тоа. Но ако на тој начин се користи заедно со фотодинамичка терапија, претпоставувам дека е во ред. Но за луѓето само да земаат метиленско сино секој ден онака „на слепо“, по случаен избор и доза, мислам дека не е добра идеја.
Вие го промовирате повремениот пост (фастинг) како „еволутивен ресет“ за телото, но оваа тема останува длабоко поларизирана во медицинската заедница. Вашите препораки за исхрана се фокусираат на драстично намалување на јаглехидратите и елиминација на растителните масла, кои ги нарекувате „тивок убиец“ на митохондриите. Според Вас, што точно треба да јадеме за да останеме здрави? Исто така, дали е неопходно да се користат суплементи при вакви рестриктивни диети и ако да, зошто?
-Диета за здравје и диета за рак се донекаде различни. Повеќето пациенти кои одат кај онколог, прашуваат: „Докторе, што можам да јадам?” Докторот ќе каже: „Нема разлика што јадете, колачи, бонбони, нема никаква разлика.” Тоа е целосно и апсолутно научно погрешно бидејќи постојат објавени податоци во рецензирани онколошки списанија кои покажуваат дека пациентите со високи нивоа на гликоза и висок инсулин имаат многу поголем ризик болеста да се врати. Значи она што го сметаме е дека исхраната е првиот столб. Првиот столб на управувањето со пациенти со рак е исхраната и таа мора да биде со ниска гликоза бидејќи ви кажав дека како дел од Варбурговиот ефект, ракот е високо зависен од гликоза и постои огромен доказ дека ако го намалите внесот на гликоза, го намалувате размножувањето на ракот и ја зголемувате шансата на преживување. Мислам дека не е ни прашање тоа. Значи очигледно постојат различни диети кои се ниски во гликоза и јаглехидрати. Значи сакате диета со ниски јаглехидрати. Очигледно кетогената диета е една од нив. Постојат пациенти кои го излечиле ракот само со манипулирање на нивната исхрана. Постои книга од Гај Тененбаум кој имаше метастатски рак на простата кој го излечил само со исхрана. Сега тоа не е пристап кој би го препорачале. Исхраната е прв столб, но мора да е заедно со сите останати терапии и дури и ако додадете хемотерапија, постојат добри податоци дека различни форми на диетална манипулација заедно со хемотерапија го зголемуваат ефектот на хемотерапијата. Постои нешто наречено диета со имитирање на гладување која е користена заедно со хемотерапијата и е покажано дека ја подобрува ефикасноста на хемотерапијата. Значи диеталните промени се апсолутно централни за управувањето со ракот. Нема прашање тука.
Сега во однос на луѓето без рак, кај повеќето современи луѓе во западните земји, 80 отсто од нивната исхрана е во вид на преработена храна која не изгледа како храна. Таа е висококо преработена. Богата е со гликоза. Богата е со фруктоза. Резултира со метаболичен синдром. Метаболичниот синдром е една од најважните причини за рак. Значи дури и овошните сокови кои се богати со фруктоза се проблем, зашто фруктозата оди до црниот дроб. Тоа предизвикува замастен црн дроб кој предизвикува метаболичен синдром и инсулинска резистенција. Значи исхраната е навистина важна за целокупното добро здравје. И тоа навистина нема разлика дали сте здрави или имате некаква медицинска болест. За пациентите со рак е навистина важно. Тоа е прв чекор, подобрување на исхраната. И тоа не е толку тешко и е флексибилно. Јас правам повремено гладување или временско ограничено јадење и можете да го приспособите кон вашиот начин на живот и со текот на времето навистина се прилагодувате и навикнувате. Проблемот е што повеќето Американци се зависници. Тие се зависници од шеќер и гликоза и јаглехидрати. Значи јадат постојано. И ако велат дека не можат да престанат, тоа е затоа што се зависници. И затоа ги третирате на ист начин на кој би третирале кој и да е зависник бидејќи се зависни од јаглехидрати. И затоа е навистина важно да ја сменат нивната исхрана и за целокупното општо здравје, но најважно ако имаат рак.

Д-р Марик: Ме прогласија за дезинформатор, зашто сакав да ги лекувам луѓето
Вирусот беше создаден од човек, не постои дилема за турбо канцерите
Д-р Марик, иако КОВИД-19 повеќе не е Ваш примарен фокус, Вие бевте многу гласен околу тоа дека спајк протеинот, особено оној од мРНК вакцините, е силен токсин. Каков е Вашиот став за поврзаноста меѓу мРНК вакцините, вирусот и појавата на таканаречените ‘турбо канцери’, постои ли научна основа за таква корелација?
-Знаеме дека ова беше вирус направен од човекот. Знаеме дека вирусот е веројатно еден од најопасните вируси кои се направени. Спајк протеинот е многу токсичен. Тој е проинфламаторен. Прави секакви видови лоши работи. Му наштетува на имунолошкиот систем. Постојат пациенти кои беа вакцинирани во почетокот на 2021 година. Значи тоа е пред околу 5 години. Овие луѓе сè уште имаат циркулирачки спајк протеин од вакцината по 5 години, во висока количина. Значи вакцината не е безбедна. Не е ефикасна. И спајк протеинот, знаеме, не мислам дека постои дилема дека вакцината е поврзана со пораст, таканаречен пораст во ризикот од ракови кои се нарекуваат турбо ракови. Нема прашање дека постои многу силна врска. Студија во Кореја погледна вакцинирани наспроти невакцинирани и покажа навистина висок врв во рок од една година (беа набљудувани над 8 милиони лица, н.з.). И ако навистина земете некои од овие ракови и ги погледнете генетски, навистина можете да ја најдете РНА, вирусна РНА внатре во генетскиот материјал на ракот. Значи таа се вградува во геномот. И мислам дека тоа е најстрашната работа за овие вакцини, дека можат да влезат во вашиот геном и може навистина да го сменат генетскиот состав на луѓето засекогаш. И затоа мислам дека е толку страшно. Другата работа е дека не функционираат. Постои навистина добра студија од клиника во Кливленд која покажа дека колку повеќе засилувачи сте добиле, толку сте со поголем ризик од КОВИД. Тоа ја предизвика болеста која требаше да ја спречи.
Значи овие вакцини не се безбедни или ефикасни. Во однос на податоците од ВАЕРС системот (системот на кој лекарите во САД ги пријавуваат несаканите ефекти, за што изби голема афера во САД и во тек се сослушвања во Сенатот за бришење на податоците, н.з.), тоа е од ЦДЦ – (Центарите за болести на САД, н.з.), знаеме дека постојат барем 20 милиони Американци кои се повредени од овие РНА вакцини. И повеќе студии го потврдуваат овој наод. Ако погледнете во Одделот за ветерани, постоеше студија во Одделот за ветерани, нешто околу 6,8%, многу висока инциденца, кои примиле вакцина, развиле некаква здравствена повреда. Се заработија многу пари и сè уште се заработуваат многу пари и се обидуваат да ја промовираат оваа платформа на мРНА чија безбедност не е утврдена. И мислам дека за нова вакцина или нов лек, развојот обично трае 10 до 12 години. Ова изгледа дека чудесно во рок од неколку месеци е тестирано и таканаречено одобрено. Вакцината е многу токсична.
Се што зборувам е научно зансовано
Вашето научно портфолио е импресивно – со над 500 објавени трудови и статус на еден од најцитираните стручњаци во интензивната нега во светот, Вие со децении бевте столб на академската медицина. Сепак, денес се наоѓате во несекојдневна позиција: по 35 години кариера, Вашата сертификација од Американскиот одбор за внатрешна медицина (ABIM) е отповикана поради Вашите ставови за КОВИД-19. Како го доживувате овој парадокс – да се биде еден од најцитираните умови во медицинската наука, а истовремено да се биде официјално исклучен од системот?
-Ви кажува колку навистина е апсурден системот. Некој ме праша вчера зошто го направив тоа. Не планирав да контрирам и да го контрадиктирам системот. Развивме протоколи за лекување на КОВИД бидејќи ако се сеќавате Националниот институт за здравје рече дека нема лекување. Значи лекарите ќе си го прават своето. И така дојдовме до протоколи за лекување на КОВИД кај амбулантен и болнички пациент. Откако почнавме да додаваме стероиди и ивермектин, на властите тоа не им се допадна и почнаа да ме прогонуваат. Мислам дека ивермектинот беше тоа што ги исплаши најмногу. Вистината за ивермектин беше достапна кога заедно со витамин Д и другите нутрацевтици, во Јужна Америка и во Индија го ставија КОВИД под контрола само со ивермектин. Затоа се свртија против мене.
Иако, сè што реков е научно засновано и можам да го оправдам со секоја научна публикација, и тоа го направив кога имав сослушување пред медицинскиот одбор. Бев прогласен за дезинформатор – ширев дезинформации и бев штетен за американската популација и затоа требаше да ми се одземе сертификацијата на одборот бидејќи бев опасност. Значи што се однесува до мене, јас сум на вистинската страна, на страната на вистината. Јас сум на вистинската страна на науката. Може да ме наречете како сакате, не сум сам, постојат многу многу доктори, бевме закана за вакцинската КОВИД индустрија и зборуваме за милијарди долари, наспроти кога СЗО имаа програма за дистрибуција на ивермектин што чинеше два центи за таблета од шест милиграми.
За крај, дали би сакале да додадете уште нешто или да дадете некoја препорака за пациентите?
-Работите се сменија по КОВИД. Сфативме дека многу работи кои ни беа предавани во медицинско училиште беа погрешни. Знаеме дека главниот интерес на фармацевтската индустрија е заработка на пари наместо помагање на пациентите или заштита на пациентите. Значи мислам дека пациентите имаат апсолутно право сами да си одлучат. Тие можат да одлучат каков третман сакаат. Треба да дадат информирана согласност и треба да се информираат. Значи мислам дека најголемата промена по КОВИД е дека пациентите не треба слепо да прифаќаат она што го велат нивните доктори. Треба сами да истражуваат. Треба да се информираат. Треба сами да одлучат бидејќи треба да биде партнерство помеѓу пациентот и докторот и двајцата одлучуваат. Пациентот не треба да биде само патник на ова патување. Мислам дека тоа е најголемата лекција и мислам дека луѓето се будат.
Сè повеќе луѓе се свесни дека по КОВИД се случија многу лоши работи. Медицинските училишта, агенциите, универзитетите се контролирани од големата фармацевтска индустрија, нема никакво сомневање. Медиумите се контролирани од „големата фарма“. Тие имаат огромна контрола и моќ. Само треба да видите што се случи со ФДА во последните две недели. Марти Макари (специјализиран за хируршка онкологија – рак, долго време работел на универзитетот Џонс Хопкинс, минатата година беше именуван з адиректор на ФДА, а сменет беше овој месец, н.з.) беше отпуштен бидејќи не беше доволно симпатизер на „големата фарма“. Тоа беше причината зошто го отстранија од функцијата комесар на ФДА, затоа што се обиде да покаже одредена независност. Но „големата фарма“ се пожали на претседателот бидејќи не беше на нивна страна и беше отпуштен.




