Словенија денеска е погодена од невреме со силен ветер и дожд. Ветерот носеше кровови од комерцијални и станбени згради, а беа соборени и неколку дрвја.

Словенечката управа за заштита и спасување соопшти дека ситуацијата е најлоша во подрачјето на Марибор.

На аеродромот во близина на Љубљана ветерот достигна брзина од 85 километри на час.

Според метеоролозите можни се поројни дождови и грмотевици. (МИА)