Австралиската влада ја помина последната деценија воведувајќи драконски зголемувања на акцизите и даноците за да го ограничи пушењето, и како резултат на тоа, земјата ги има најскапите цигари во светот. Просечната цена на мејнстрим цигарите е 54,99 австралиски долари по кутија (околу 40 долари).

Таквите цени ги упатија луѓето кон црниот пазар.

Лани околу 80 проценти од тутунот што се консумирал во Австралија бил нелегален, во споредба со 12 проценти во 2017 година, покажува новата анализа на Австралиското биро за статистика.

Има логика. Студијата, која е прв обид на австралиската влада да ја процени големината на црниот пазар, откри дека цените на легалните тутунски производи се зголемиле речиси трипати од декември 2016 година додека цените на нелегалните тутунски производи останале релативно исти.

Од 2020 година, трошењето на домаќинствата за легални цигари и тутун се намалило речиси преполовено, но помеѓу 2017 и 2025 година, количината на никотин што се консумира во Австралија се зголемила за речиси 40 проценти.

Како резултат на тоа, иако помеѓу 2016 и 2025 година, иако цената на легалните цигари се зголемила речиси за трипати, приходите од давачки за тутун се намалиле за повеќе од половина па министерството за финансии ги намали проекциите за приходите од акцизи на тутун.

Не ќе го жалиме ние австралискиот буџет, но, оваа политика доведе до посериозни проблеми. Колапсот на легалниот пазар на тутун донесе сериозен бран на насилство меѓу бандите, вклучувајќи пукања и подметнати бомби.

Извор: Курир