Деветте нуклеарни сили во светот во 2025 година ги зголемија трошоците за своите арсенали за 19 проценти, се наведува во извештајот на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (International Campaign to Abolish Nuclear Weapons).

Според ИКАН, минатата година вкупните трошоци за нуклеарно оружје изнесуваат 119 милијарди долари, што е еквивалентно на 3.768 долари во секунда.

Во извештајот се наведува дека САД минатата година потрошиле повеќе за нуклеарно оружје отколку другите осум нуклеарни сили заедно.

Трошоците на САД изнесуваа 69,2 милијарди долари, Кина со 13,5 милијарди долари, а на трето место е Велика Британија со потрошени 12,6 милијарди долари, а потоа следи Русија со 9,5 милијарди долари.

Според ИКАН, Русија има најголем нуклеарен арсенал со 5.420 боеви глави. По неа следат САД со 5.042, Кина со 620, Франција со 300, Велика Британија со 225, Индија со 190, Пакистан со 170, Израел со 90 и Северна Кореја со 60.

Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје истакнува дека со потрошената сума за еден ден за нуклеарно оружје би можела да обезбеди храна за два милиони луѓе. Според ИКАН, со потрошените пари за нуклеарно оружје во изминатите три години би можело да се стави крај на гладот во светот.

ИКАН беше движечката сила за Договорот на ОН за забрана на нуклеарно оружје, што стапи во сила во 2021 година. Организацијата во 2017 година ја доби Нобелова награда за мир во 2017 година.