Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период ќе започнат активностите за ставање во функција на подната фонтана која се наоѓа на Градскиот плоштад.

Што се однесува на состојбата со јавните тоалети, на што забележаа советниците, Ѓорѓиевски рече дека во моментов тие се на „Тојфор“, но најави дека во подготвителна фаза се три современи тоалети, од кои еден ќе биде поставен во Градски парк, еден на плоштадот „Филип II“ и еден во близина на Градскиот плоштад.