Поминаа 24 часа од објавувањето на документот кој докажува дека токму ДУИ, во 2010 година, кога беше на врвот на својата власт, гласаше за воведување на српскиот јазик во службена употреба во Општина Куманово. До овој момент, ДУИ не даде никаков одговор за овој факт, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференција на Афан Елези, што МИА го пренесува интегрално.

Не го демантираа документот.

Не ја демантираа одлуката.

Не го демантираа своето гласање.

Избраа да молчат.

А во политиката, молкот е најдобро признание на вистината.

Кога фактите се против нив, ДУИ бега од дебата. Кога документите зборуваат, тие ја менуваат темата. Кога Албанците бараат одговори, тие повторно ја менуваат темата.

Затоа, уште еднаш јавно им го поставуваме прашањето:

Зошто ДУИ го поддржа воведувањето на српскиот јазик во службена употреба во Куманово?

Зошто за ова прашање имаше волја, глас и решителност, додека за проблемите на Албанците имаше одложувања, пречки и недовршени работи?

Граѓаните заслужуваат јасни одговори, а не празни изјави и сезонски патриотизам.

ДУИ молчи, затоа што документот зборува. А кога документот зборува, пропагандата повеќе не поминува.

ВЛЕН не се занимава со пропаганда. ВЛЕН зборува со факти.

А фактот е овој: документот постои, додека ДУИ сѐ уште нема храброст да се соочи со него.

„Вреди“

Фото: Принтсакрин