Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули ќе треба да влезе во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари.

-Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, информираа од Кривичниот суд.

Пред неколку дена од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.

Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната.