Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас оствари разговор со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, фокусиран на ескалацијата на воените тензии во регионот и состојбата со преговорите меѓу Иран и САД.
Калас преку објава на социјалната мрежа Икс информираше дека, покрај со Арагчи, разговарала и со министерот за надворешни работи на Кувајт, шеикот Џарах Џабер ал Ахмад ал Сабах, при што упати остра осуда за загрозувањето на безбедноста на стратешките патишта.
„Разговарав со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за последната ескалација во Персискиот Залив и за статусот на преговорите со САД. Исто така, бев во контакт со кувајтскиот министер за надворешни работи, шеикот Џарах Џабер ал Ахмад ас Сабах. Обновените напади врз земјите од Заливот и нивната критична инфраструктура се целосно неприфатливи“, напиша Калас.
Таа предупреди дека евентуалното враќање кон целосен воен конфликт би имало сериозни и несогледливи последици за целиот Близок Исток. Според неа, дипломатскиот пат и понатаму останува најдобриот и единствен правилен излез од оваа воена криза.




