На 12.06.2026 во СВР Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.А.К.(53) и А.А.Р.(56), постапувајќи по претходна пријава дека на 10.06.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, физички ја нападнале нивната 16-годишна ќерка и внука.
Според пријавеното, таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзината мајка Ѓ.А.К., но досега не било пријавувано.




