Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во Европската Унија и дека очекува ова лето да се постигнат повеќе резултати во процесот.

Зеленски во своето редовно вечерното видео обраќање до сонародниците рече дека Украина веќе се подготвила за дипломатските настани во следната недела.

Тој потсети дека ЕУ ја потврди својата подготвеност да го отвори првиот кластер во преговорите за пристапување со Украина, оценувајќи дека ова му дава нов импулс на тој процес, објави Укринформ.

„Направивме апсолутно сè за овој напредок и сум благодарен на сите што помогнаа и на сите што работат за нашата земја“, рече Зеленски.

Тој вети дека нема да има одложување во процесот на пристапување во ЕУ од украинска страна.

Оваа недела, Советот на ЕУ официјално го започна процесот на отворање на кластерот 1 во преговорите за пристапување на Украина и Молдавија во Европската Унија.сд/

Фото: архива