Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, денеска во Големата сала на народот во Пекинг оствари средба со претседателот на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, јави агенцијата Синхуа.
Мин Аунг Хлаинг престојува во петдневна посета на Кина, што претставува негова прва посета на втората најголема светска економија откако во април ја презеде функцијата претседател на Мјанмар.
Според информациите објавени преку агенциите, двајцата лидери разговарале за билатералните односи и соработката меѓу двете земји.




