Претставничкиот дом на САД одобри закон со кој се забранува американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече државата од НАТО.

Законот „За поддршка на НАТО“ беше одобрен со 357 гласови „за“ и 22 „против“.

Со него се предвидува „спречување какви било обиди на претседателот да ја нареди напуштање на Алијансата и забранува користење буџетски средства за таков чекор“, појасни еден од подносителите, Џим Панета од Демократската партија.

Законот поддржува насоки на држави членки на НАТО да одделат минимум два отсто од БДП за одбрана и предлага давање значителни средства за Европската иницијатива за противдејство на руска агресија.

Пред неколку дена Њујорк тајмс објави дека Трамп предложил минатата година САД да се повлечат од НАТО.