Додека во земјата продолжуваат протестите против проектот, синоќа беше одржан 20. по ред, албанскиот премиер Еди Рама жестоко го брани контроверзниот проект за изградба на луксузно одморалиште, вреден 4 милијарди долари, во сопственост на инвеститорот Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, и сега тврди зад протестите стојат иранските хакери.

-Имаме еден непријател, единствениот непријател е Исламската Република Иран, а тие веќе три години спроведуваат немилосрден сајбер напад врз Албанија а сега севлезени во играта на протести против одморалиштата во кои инвестира Кушнер, изјавил Рама во интервјуто за CNN со новинарката Елени Ѓикос.

Тој ги поврзува масовните протести со широко распространета кампања на дезинформации и сајбер-напади преку лажни видеа и мрежи на ботови, предупредувајќи дека овие онлајн манипулации директно го поткопуваат функционирањето на современите демократии и политичките процеси во Европа.

Рама, исто така, остро ја критикуваше злоупотребата на слободата на информации на социјалните мрежи.

Тоа е предизвикано главно затоа што Кушнер и Трамп, сенката зад нив, се доволни за да натераат многу луѓе од различни земји и континенти веднаш да реагираат. Но, количината на дезинформации е голема, преку лажни видеа, видеа направени од протести во други земји и претставени како протести во Албанија.

-Оваа количина на лудило ги еродира нашите демократии одвнатре и го води европскиот простор во насоки кои, порано или подоцна, целосно ќе го уништат чувството за политика, донесување одлуки и компромис во овој дел од светот. Затоа, време е демократиите повеќе да не веруваат дека „слободата на информации“ е продолжение на слободата на изразување. Слободата на информации е она што секој режим, преку пропаганда, го користел за да всади лаги во секој ум, рече Рама.

Рама тврди дека мнозинството од албанскиот народ го сака овој проект. Дигиталниот гнев, се разбира, главно го предизвикаа Кушнер и Трамп, оценувајќи дека самото вклучување на семејството на американскиот претседател било доволно за да предизвика „многу луѓе од многу различни сфери на животот и од многу континенти едноставно да скокнат“.