Портпаролот на ирачкото Министерство за нафта, Салим Фархуд, изрази очекување дека во рок од еден до два месеци“ производството на нафта во Ирак ќе се врати на нивото од пред војната.
Воениот конфликт на Блискиот Исток предизвика колапс на извозот на нафта од Ирак.
Меморандумот за разбирање, потпишан оваа недела меѓу САД и Иран за завршување на непријателствата, донесе одредено олеснување, иако разговорите за траен мир се неизвесни.
Фархуд изјави дека веќе почнало зголемување на производството на дел од нафтените полиња.
Пред почетокот на конфликтот кон крајот на февруари, Ирак извезуваше околу 3,5 милиони барели нафта дневно, од кои најголем дел транспортирани преку Ормуската Теснина.
Поради конфликтот Ирак беше принуден да затвори дел од нафтените извори бидејќи складиштата беа полни, а извозот ограничен на транспортните рути преку соседните Турција и Сирија.
Ирачкиот министер за нафта, Басем Ходеир, изјави дека извозот ќе се обновува постепено, во зависност од протокот на поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина.
Во април, извозот на ирачка сирова нафта преку таа поморска рута падна на десет милиони барели, во споредба со просек од 93 милиони барели пред конфликтот.
Ирак останува силно зависен од извозот на сирова нафта, кој вообичаено сочинува околу 90 отсто од државните приходи.




