Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист откако се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки и мопед со скопски регистарски ознаки од с.Визбегово, скопско.

На 20.06.2026 околу 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(48) од Куманово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Т.(21) од с.Визбегово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштија од полиција.