Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

Како што соопштуваат од владината прес – служба, средбата ќе се одржи во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, а по состанокот во 11 часот, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот.

Центарот за извонредност во финансиите (CEF), е водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага на земјите од Југоисточна и Источна Европа во зајакнувањето на јавните институции, забрзувањето на реформите и унапредувањето на процесот на европска интеграција.