Европската ракометна федерација денес му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ по четири години се враќаат во елитното натпреварување.

Вардар е двократен европски шампион. На европскиот ракометен трон македонскиот шампион беше во 2017 и во 2019 година.

Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022.

Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе има 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест групи. Ќе се игра двокружен систем, а двете најдобри од секоја група ќе продолжат останатите ќе се префрлат во Европската лига.

Извлекувањето на групите ќе се изврши на 26 јуни во Виена.

Фото: РК Вардар