Второто коло на Светското првенство 2026 донесе историски момент за репрезентацијата на Египет. „Фараоните“ го совладаа Нов Зеланд со 3:1 и ја запишаа својата прва победа во историјата на мундијалите.

Овој триумф го искачи Египет на врвот на табелата во групата Г со четири бода, откако во првото коло ремизираше против Белгија.

Прво име на натпреварот беше Мохамед Салах, кој постигна гол, забележа асистенција и беше прогласен за најдобар играч на средбата.

Ова е четврти настап на Египет на Светските првенства, а првата победа предизвика вистинска еуфорија кај играчите, навивачите и љубителите на фудбалот низ целата земја.

Славјето не заврши со последниот судиски свиреж. Египетските фудбалери продолжија да прославуваат и во соблекувалната, каде со песна и танц ја одбележаа историската победа.

Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, играчите пееле и танцувале на популарна египетска песна, создавајќи фантастична атмосфера во тимот.

Прославата продолжила и надвор од хотелот, каде репрезентативците излегле меѓу навивачите и заедно со нив го прославиле успехот што долго ќе се памети во египетскиот фудбал.