Точно две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата Влада. Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани, изјави на прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.
Наместо подобар животен стандард, добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22%.
Наместо европска иднина, граѓаните добија изолација.
Наместо правда, добија политичка одмазда, закани и нарачки на процеси од собраниската говорница, на телевизија и преку телефон.
Економските резултати се катастрофални.
За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг.
Задолжувањето е секојдневно. Буџетот е празен.
Нема пари за поголеми плати, за подобар стандард на работниците.
Веќе снемува пари и исплата на идните пензии. Пензиониот фонд е сериозно загрозен, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, власта го загрозува и вториот столб.
Младите масовно се иселуваат.
Земјоделците се оставени сами на себе, без никаква помош. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра.
Нема зголемување на минималната плата на 600 евра.
Нема зголемување на платите во образованието и здравството.
Нема реформи. Нема напредок.
Нема правда, цвета криминалот и корупцијата. Над 150 милиони евра само за крминални партиски тендери.
Додека владините функционери со бугарски државјанства тераат бизниси во Бугарија, ја блокираат европската интеграција на Македонија.
Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа – изолирана, задолжена и без перспектива.
Наместо одговори на прашањата за проблемите на граѓаните, добиваат лични напади и навреди.
Премиерот Мицкоски сите оние кои сакаат просперитетна држава и европска иднина ги нарекува „талог на општеството“, „мочуриште“,
„мекотели“, „глодари“ и „медиокритети“.
Од 1.198 ветувања во нивната програма, ништо не е исполнето, нула.
Наместо резултати граѓаните добија Орбанова медиумска мрежа која работи во служба на Мицкоски – шири евроскептицизам, лаги и постојан дефокус.
Наместо сериозни теми, граѓаните секојдневно слушаат за Харис Џиновиќ и Дубаи.
Од Мицкоски нема одговор ниту на едно прашање.
Ниту за економијата, ниту за корупцијата, ниту за европскиот пат, ниту за криминалните тендери.
Затоа што нема одговори, премиерот се враќа на она што најдобро го знае – закани.
По две години нарачување на процеси преку медиуми, преку собраниската говорница и по телефон, сега дојде и до директни закани со
затвор од собраниската говорница.
Со лаги дојде на власт, со лаги владее, со лаги се обидува да се задржи на власт.
Ова е резимето на две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група – ВМРО, во тендер-коалиција со распаднатиот ЗНАМ.
Граѓаните заслужуваат подобро.
Заслужуваат одговори и решенија, а не закани.
Заслужуваат резултати, а не лаги.
Време е за вистина и правда.
Фото: СДСМ




