Имено, Димитар Апасиев, вчера ми поднесовте кривична пријава после цели безмалку три месеци откако објавив видео во кое вашата советничка во советот на град Скопје немо стои на говорница цели 10 минути само џвакајќи некултурно мастика.
Само видео, без лаги, без навреди, без ништо од она кое што само вие димчињата го видовте! Димитар Апасиев, зошто не ми поднесовте пријава веднаш тогаш, пред три месеци, а? – вели Кире Михаилов, во објава на фејсбук.

Или деновиве откако дознавте и видовте дека со мене нема да поминете КАКО ДО СЕГА со останатите и чекај ќе расфрлате пердуви за да ја задоволите вашата ококорена публика на ФБ која се состои од се помалку искрени и чесни граѓани, а се повеќе лажни ботови, а?

Ми поднесовте кривична пријава за тоа што некои, некаде, нешто, некогаш напишале! Ајде мајката!!! Димче, пријава за мене??? Е зошто бе Димче?!?

За четири или пет навредливи коментари кои некои ги напишале под мојата објава??? Па ако јас лично бе Димче за исто вакво ви поднесам пријави на вас, за истата работа кај тебе лично на твојата објава со која се обидовте да ми го расипете Велигден, на објавата на Левица и на објавата на дотичната која не ја ни знам и ако такво нешто помине, па ќе треба цела партија да ви ја осудат со се ботовите кои си ги носите секаде со вас, т.е. ви се креирани и од партиските штабови се најмени дополнително да ви ги надоградуваат лагите, невистините и навредите кои вие ги креирате.

Па таму бе Димче, кај вас во коментарите, вашите повеќе лажни, ама некои и нелажни профили повикуваа на мое “кастрирање”, “бесење на плоштад”, “куршум во чело”, “редење на се што ми е женско во фамилија”, ме нарекуваа “неплоден евнух”, “глупак”, “гад ненормален”, “стока”, “педофил неандерталски” и со какви ли уште не “бисери”!

И што треба сега јас, како вас да ја лажам и манипулирам јавноста дека ти лично и оние неколку од твоето тесно одбрано друштво сте виновни и за тие коментари?!?

Не бе, Димче, на сте, вие за тоа апсолутно не сте виновни, како што и јас немам никаква вина за она за кое ме обвинувате, но, вие Димче сте и те како виновни за се останато кое вие лично го “истресовте”.

Димитар Апасиев, знаете дека оваа ваша пријава е тотално правно неиздржана и е поднесена само да ја замајувате јавноста.
Јас на пример за разлика од вас, почнав постапка веднаш следниот ден откако видов колку ме изнавредивте, колку безочно ја изналажавте јавноста со невидено груби, неизмерни лаги и совршено добро стокмени манипулации.

Не само оваа, вие може ќе поднесете уште пет или 10 вакви пријави и после ќе мавтате со истите дека се одбиени, дека судот работи во спрега со ВМРО ДПМНЕ и што ли уште не, а наспроти вашите правно неиздржани, неаргументирани пријави од друга страна ќе мавтате со оние другите, оние против вас кои демек се пресудени по порачка.

Абре Димче, нашиов напатен народ кој живее во Македонија не е воопшто глуп, разбира повеќе отколку што мислите вие.
Тој народ е толку изманипулиран, излажан и напатен во изминативе неколку децении што повеќе е свесен и од тебе и од мене.
Не треба човек да биде правник, обвинител или судија да ја види разликата помеѓу моето и вашето Димче, тоа се гледа, народски кажано, дури и од авион.

Вие ме обвинувате за нешто кое никаде за мене нема да го најдете, а јас ве обвинувам не само за клевети, навреди и манипулации кои тогаш ги направивте, туку не сте застанале бре, туку за дела кои до ден денеска ги правите.

Народот толку многу добро ве разобличи и разбра дека сте само фејзбук партија која се обидува да го “пали” со инсинуации, дерење, лаги, груби манипулации и поднесување неиздржани пријави за секој, за секого и за сешто.

Е па Димче, овојпат, во овој случај ќе бидете јавно “рассоблечени” до гола кожа и ти и сите оние кои се обидуваат да билдаат чекање сензација која не само што нема да дојде, туку толку силно ќе ви се удри ова од глава што друг пат нема да ви текне вака да ширите лаги, невистини и манипулации за било кого, напиша Михаилов.