Пред малку изби пожар над с. Белица, општина Македонски Брод на границата на ловиштето Јасен.

Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен, информира ДЗС.

Пожарот уште е релативно мал, но се одвива на исклучително тешко пристапно место до кое може да се стигне само пеш. Воедно, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС.