Репрезентацијата на Норвешка направи подвиг и успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот, а последна „жртва“ беше повеќекратниот светски шампион Бразил. Норвешка победи со 2-1, а стрелец на двата гола беше првата ѕвезда на тимот Ерлинг Халанд.
– Се чувствувам доста добро по двата гола што ги постигнав против Бразил и победата од 2-1 против нив. Колку многу значи тоа за Норвешка, мислам дека го кажав и претходно, но мислам дека ја менуваме нацијата. Норвешка е фантастичен фудбалски тим и дека всушност сме еден од подобрите тимови во Европа и во светот затоа што она што го правиме е неверојатно и ни требаа 28 години, ни требаше некое време. Горд сум на мојата земја и горд сум на сите. Никогаш не сонувам за ова и мислам дека е малку надреално да се биде во моментот, да се биде со најголемите играчи на Светското првенство, секако, како фудбалер сакаш да бидеш на Светското првенство и сакаш да се покажеш добро, изјави Халанд во микс зоната.
Халанд со двата гола стигна до бројката седум, колку што имаат Килијан Мбапе и Лионел Меси.
Норвешка во четвртфиналето на 11.јули ќе игра против Англија.
Фото: Архива




