Стартот на шпанското првенство е закажано за 15.август, но јасно е дека половина од натпреварите од првото коло ќе бидат одложени и ќе се играат во други термини. Причината е тоа што голем број фудбалери настапуваат на Светското првенство и по завршувањето на Мундијалот имаат право на три неделна пауза пред да се вратат на клупските обврски.

Сигурно ќе бидат одложени натпреварите: Барселона – Атлетик Билбао, Реал Мадрид – Реал Сосиедад, Селта – Осасуна и Атлетико Мадрид – Малага. Во зависност од исходот на дуелот Аргентина – Швајцарија можно е одложување и на дуелот Валенсија – Реал Бетис или Севиља – Рајо Ваљекано.

Можно е во првото коло да бидат одиграни пет натпревари.