Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на оружени системи за прецизни удари и придружна опрема на саудиската армија во вредност од 1,96 милијарда долари – соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка.

Според информациите, договорот предвидува набавка на системи произведени од британската компанија „Би-еј-ај системс“ (BAE Systems), како и соодветна опрема и поддршка.