Иранските власти денеска ги осудија американските напади извршени во текот на ноќта во југозападниот дел на Иран, во близина на болница во која се лекуваат и деца, оценувајќи ги како „варварски“.

-Овој варварски напад, кој потсетува на насилството на Израел врз здравствените установи, предизвика вистинско страдање и голема загриженост кај хоспитализираните деца. Дополнително, тој изнуди итна евакуација на 211 пациенти кои примаат хемотерапија, напиша на социјалната мрежа „Икс“ портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи.