Македонска претставничка на Европското првенство за атлетичари и атлетичарки до 18 години, кое се одржува во Риети, Италија, Марта Димковска успешно ги заврши своите настапи на шампионатот.
Димковска настапи во квалификациите на 200 метри, каде трката ја истрча за 25.42 секунди, поставувајќи нов личен рекорд и подобрувајќи го своето претходно најдобро време за 0.20 секунди. Во конкуренција од 40 атлетичарки, таа го освои 38. место.
Вчера таа настапи и во квалификациите на 400 метри, каде оствари резултат од 59.87 секунди и го освои 39. место во конкуренција од 41 атлетичарка. Иако остана нешто повеќе од две десеттинки зад својот личен рекорд (59.66 секунди), Марта уште еднаш покажа дека е во добра натпреварувачка форма.
Личен рекорд постави и втората претставничка Ева Митевска, која настапи на шампионатот во трката на 100 метри (квалификации).




