Пред судот во Њујорк денеска продолжува прелиминарното сослушување на соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, кои се обвинети за наркотероризам.

Мадуро и Флорес на почетокот од годината се уапсени во нивниот дом во Каракас и одведени во САД. Тие се во затвор во американската сојузна држава Њујорк, негираат вина и ги обвинуваат САД за нивно киднапирање.

Доколку поротата утврди дека брачната двојка била дел од заговорот за испраќање кокаин во САД тие можат да бидат осудени на доживотни затворски казни.

Американските обвинители тврдат дека Мадуро, во соработка со венецуелските сили, за да им помогне на нарко-босовите, организирал шверц на илјадници тони кокаин во САД.