Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска привеле 54-годишен скопјанец, откако бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2026 година во 01:28 часот, на улицата „Славка Динкова“ во Скопје, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А. (54) од Скопје.
По преземените мерки и извршените проверки, било утврдено дека возачот управувал со возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,08 промили алкохол во крвта.
Возачот бил лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




