Полициски службеници од СВР Охрид на 26 јули во 06:30 часот го лишиле од слобода К.Г.(28) од Словенија, по пријава дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во стан во Охрид каде што двајцата престојувале, а осомничениот потоа бил приведен пред казино на улицата „Абас Емин“.
По постапката пред Основниот суд во Охрид, на К.Г. му била определена мерка притвор во траење од осум дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.




