Премиерот на Ирак, Али ал Заиди денеска ќе престојува во Турција на покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

– За време на посетата ќе бидат разгледани сите аспекти на односите меѓу двете земји, а прашањата за безбедноста, борбата против тероризмот, трговијата, енергијата, транспортот и управувањето со водните ресурси ќе бидат главни приоритети, соопшти Дирекцијата за комуникации на турскиот претседател.

Исто така се наведува дека Ердоган и ал Заиди ќе разговараат и за регионалните и глобалните случувања.