Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија.

По земјотресот издадено е предупредување за цунами.

Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу.

По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи Сендај и Генкај. Додека железничкиот оператор „Џ.Р. Кјушу“ наведе дека ги прекинал железничките услуги, вклучително и брзите возови Шинкансен.

Јапонија, која е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, е една од сеизмички најактивните земји во светот, каде земјотреси просечно се случуваат на неколку минути.

фото: архива