Саудиска Арабија соопшти дека нејзината армија во координација со Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), во извршила целни напади во Ирак врз милитантни групи поддржани од Иран.
Нападите се одговор на неодамнешните напади со беспилотни летала извршени од Ирак врз саудиските нафтени постројки.
И американските сили потврдија дека заедно со саудиските вооружени сили нападнале цели на ирачките милиции поврзани со иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Претходно, саудиската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала и уништила неколку беспилотни летала лансирани „терористички групи поддржани од Иран“.
– Саудиска Арабија го задржува легитимното право да ја брани својата територија и националните интереси, како и правото да одговори во соодветно време и на соодветно место, објави на Икс портпаролот на саудиското Министерство за одбрана, Турки ал Малики.




