Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез конечно ќе стапнат на „лудиот камен“. Според пишувањата на светските медиуми тие наводно ќе се венчаат во сабота, 1 август, во луксузниот имот Квинта да Регалерија во Синтра, Португалија.

Долго време се шпекулираше за нивната свадба, а можните причини за „одложувањето“ се шпекулираа бидејќи двојката е во врска од 2016 година, а се сврши минатата година во август.

Логичниот следен чекор е свадба, особено кога се знае дека ќе прослават 10 години од кога се заедно, а некои медиуми објавија дека ова ќе биде свадбата на векот, која ќе собере половина од светскиот џет-сет.

Иако ниту Кристијано ниту Георгина не ја потврдија оваа вест, се појавија детали за наводната организација и списокот на гости.

Идната сопруга на Роналдо наводно не сака свадбата да биде медиумски спектакл, туку да се одржи во поинтимна атмосфера во кругот на семејството и најблиските пријатели.

Сепак, списокот на гости е доста долг и, како што е напишано, на него се наоѓаат: Родриго, Килијан Мбапе, Рио Фердинанд, Џенифер Лопез, Дрејк и Тревис Скот, Ријана, Вин Дизел, Пирс Морган и многу други познати имиња.