Деновиве градежната оператива е на повеќе локации, односно училишта кадевсе градат новите училишни спортски терени, со средства од Владата на Македонија и на Општина Битола, а градоначалникот на Битола Тони Коњановски направи увид на градежните работи.

„Се асфалтираа спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познатото во јавноста како турско училиште. Се работи за два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Тартан подлога за спортските терени и уредување на околината како и опремување со современи спортски реквизити.

Претходно се асфлатираа терените во ОУ „Гоце Делчев“. Се работи за изградба на две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка. Игралиштата ќе бидат оградени, осветлени, опремени со спортски реквизити и современа урбана опрема.

Направивме увид и на терените во ОУ „Даме Груев“ каде изминатите денови се асфалтираше, а каде активностите продолжуваат до комплетно уредување на терените и околниот простор.

Асфалт добиваат и спортските терени во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, кои ги работиме со средства од буџетот на Општина Битола.

Со ова ја потврдуваме нашата посветеност кон реализација на проектите кои се многу значајни за учениците во битолското образование.