Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски, ги собра одбојкарите пред (ЕП) кое ќе се игра оваа година.
Нашиот национален тим го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
„Мојата методологија на работа е добро позната за секој од вас. Барам професионален однос, сериозност и посветеност.
Тука сме да направиме резултат, а тоа значи сѐ друго да биде во втор план, целиот фокус да биде на одбојката.
Ќе имаме обврска да го поминеме целиот материјал повторно, за да нема никакво недоразбирање за нашиот систем, тактика и дисциплина. Сето она што го имаме како наша игра треба да го потврдиме и надоградиме.
На ЕП нема да одиме како аутсајдери, имаме цел да постигнеме резултат и таргет репрезентации на кои ќе посветиме доволно внимание во текот на подготовките.
Во Крушево ќе бидеме 11 дена, и ќе одработиме 20 тренинзи со посебно внимание на физичката подготовка и индивидуалната техника. Потоа продолжуваме со работа во Скопје. Имаме 35 дена до стартот на ЕП и ќе имаме забрзано темпо на работа, но со дозиран интензитет и верувам дека подготвени ќе го дочекаме првенството.“, изјави селекторот на Македонија.
Репрезентацијата според распоредот на 7 септември наутро патува за Софија, додека два дена подоцна против домаќинот и еден од организаторите Бугарија го отвора настапот на ЕП 2026 година.




