Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ објави статус на својата фејсбук стрница образложувајќи го општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознале.
Интегрално објавата го прилог:
Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност.
Се обидува да нè убеди дека ништо не може да се промени, дека успехот е невозможен и дека Македонија мора постојано да остане заробена во разочарувања и понижувања.
Но, најголемиот пораз на секоја политика на страв е народ кој верува во себе.
Македонија не се гради со лаги, цинизам и неверување. Македонија се гради со работа, знаење, одговорност и резултати.
Нашата обврска како одговорни носители на власта е да создаваме држава во која успехот ќе биде вреднуван, способноста ќе биде наградена, а надежта ќе биде посилна од секој обид да се наметне безнадежност.
Најголемата победа над талогот не е во кажаните зборови.
Најголемата победа е успешна Македонија.




