По објавувањето на групите организаторот на ракометниот турнир Струга 2026 го објави и распоредот на натпреварите. Екипите кои се поделени во две групи од 12 до 14 август (среда-четврток-петок) ќе играат по два натпревара на ден, а на 15.август – сабота ќе се играат дуелите за пласман.
Првиот ден меѓу двата натпревара ќе се одржи и свеченото отворање на турнирот.
Распоред на натпревари:
12 август (среда):
18:30 Вардар – Прилеп
20:00 Свечено отворање
21:15 Струга – Охрид
13 август (четврток):
18:30 Прилеп – Бутел Скопје
20:30 Охрид – Дубочица Лесковац
14 август (петок):
18:30 Струга – Дубочица Лесковац
20:30 Бутел Скопје – Вардар
15 август (сабота):
10:00 за петто место
18:30 за трето место
20:30 финале
Трофејот го брани екипата на Охрид.




