Брод бил погоден од непознат проектил на 18 наутички милји источно од брегот на Оман, а на бродот избувнал пожар, кој веќе е изгаснат, соопшти денеска Британската организација за поморска трговија.

Организацијата соопшти дека бродот и екипажот се безбедни и дека нема информации за последиците врз животната средина.

Не е наведено за каков брод станува збор ниту неговото име.