Едно лице загина, а две се повредени во денешната експлозија на гас во рудникот за злато „Асачинскоје“ во рускиот регион Камчатка, соопштија локалните власти.

Според првичните информации на Обвинителството, соопштени преку социјалната мрежа „Макс“, до несреќата дошло кога експлодирала боца со пропан додека работник на ангажирана фирма вршел заварувачки работи на градилиштето.

„Обвинителството на градот Елизово започна истрага за инцидентот на наоѓалиштето ‘Асачинскоје’“, се наведува во соопштението.

Одделно, Истражниот комитет преку платформата „Макс“ соопшти дека е отворена кривична постапка поради сомневања за прекршување на безбедносните правила при изведување градежни или други работи.