Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес одржа прес-конференција на која посочи дека водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија или други бактерии.

Пред медиумите, тој побара вода од чешма и ја испи за да докаже дека водата е чиста и безбедна за пиење.

-Сакам да се напијам пред вас, да знаете дека во Скопје водата е безбедна и дека скопјани пијат безбедна вода. Јас, моето семејство и мојот 8 ипол годишен син ја пиеме оваа вода, рече Ѓорѓиевски.

Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури.