Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување биле изречени на територија на цела држава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16 до 21 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, спроведе акциска контрола за санкционирање на возила што непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР – Тетово, 34 на територија на СВР – Охрид, 19 на територија на СВР – Битола… За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци – се додава во соопштението.
Од МВР нагласија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираа да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.




