Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје.

Од Министерството нагласија дека се продолжува со активно следење на состојбата и најавија дека навремено ќе се информира за сите релевантни податоци.

– Апелираме за точно, вистинито и објективно информирање, како и проверка на сите факти пред објавување информации, што ја засегаат јавноста – потенцираа од Министерството за здравство.