Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина.
-Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери. Во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои брзо се повлекле, објавија локалните медиуми.
Во гаснењето се вклучени пожарникари, полициски и армиски сили, а се гасне и од воздух.
Во моментов, на територијата на земјата има 10 активни пожари во областите Тирана, Фиер, Драч, Ѓирокастеро, Пешкопеја и Корча. Во просек дневно се регистрираат по 25 пожари.
Исто така, објавено е дека за справување со ситуацијата се ангажирани над 450 оперативни сили, вклучувајќи персонал од вооружените сили, пожарникари, шумската служба и волонтери, додека интервенцијата е поддржана од воздух од три хеликоптери на воздухопловните сили и два авиони „Ер Трактор“.




