Наместо одговор, кривична пријава. СДС денеска поднесе кривична пријава против мене. Но, во целата нивна реакција има една многу важна работа, пишува на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

-СДС не ги негира информациите што ги објавив. Што значи дека ги потврдуваат.

Не негираат дека лицата кои ги претставуваа како „млади активисти“ се осудени насилници и трговци со дрога. Не ги демантираат фактите што ги објавив за нивното криминално минато.

Наместо одговор на тоа, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите.

Јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и го штитам јавниот интерес. Не сум никаков полициски службеник, немам никаков пристап до полициски системи и не сум барал од никого да крши закон.

Информациите ги добив од луѓе, патем се свиркачи од СДС, кои одлучиле да укажат на нешто за кое сметале дека јавноста треба да знае.

Зошто денес СДС не ги брани фактите? Кои се луѓето кои СДС ги претставува како „жртви“? Какви пресуди имаат зад себе? Зошто СДС не ги демантира тие факти?

Одговорот е сосема јасен. Затоа што тие деца кои Филипче ги нарече “деца на Македонија”, впрочем се деца на Заеви.

Поднесената кривична пријава кон мене, нема да го оттргне фактот дека кадарот во СДС е криминален, насилнички и коруптивен. Ќе продолжиме да ја изнесуваме секоја вистина за граѓаните да знаат зошто сте дојдени на историски минимум од 100 илјади гласови.

Кривична пријава не е пресуда. А мене кривични пријави нема да ме замолчат да ја говорам вистината, пишува Манасиевски во својата објава.

Поврзани теми