Еден месец Гостивар е отруен со нечиста вода. Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар се уште, пет недели по ред, немаат безбедна вода. 5.000 граѓани завршија по болници со здравствени проблеми, има нови случаи и реинфекции. Пет недели граѓаните на Гостивар се принудени да чекаат во ред за пластично шише со вода – изјави денеска на прес-конференција Маја Борозан од СДСМ.
Кога сме кај водата, интересно е дека СДСМ секој ден по неколку пати крева паника за водата, а меѓу две прес-конференции на СДСМ ефикасно се гаснат пожари низ Македонија, кои СДСМ ниту еднаш не ги удостои со некоја маана на власта за гасењето. Едноставно од бактериите во водата не го гледаат огнот околу нив, кој за разлика од времето кога тие ги возеа „ер тракторите“, сега авионите, пинцгауерите и пожарникарите ефикасно гаснат.
Но, за СДСМ реалноста е друга, а таа во продолжение преку нивното соопштение кое интегрално го објавуваме.
Ова е реалноста со која се соочуваат гостиварчани. Ова не е нормална состојба туку трагедија, скандал без крај.
А Мицкоски и Клековски се на екскурзија.
Ова е вистината за власта на Мицкоски, која покажа тотална неспособност да го заштити здравјето на граѓаните.
Мицкоски ниту еднаш не ги посети, не отиде во Гостивар.
Испрати неколку цистерни вода за цел град.
Со недели ветуваше дека „утре ќе има вода за пиење“. Сега луѓето ја користат како техничка, а никој не дал документ дека е исправна ниту за тоа.
Од изјавите на Мицкоски и Клековски дека „многу брзо“ проблемот ќе биде решен, епилогот е – 5.000 затруени луѓе, реинфицирани случаи, болницата во Гостивар е затруена, пациенти се префрлаат во Тетово, има епидемија на жолтица, а нема медицински кадар.
Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.
Очигледно Гостивар чека Мицкоски и Клековски да се вратат од екскурзија.
Го нема веќе ни Клековски да кажува колку брзо водата ќе стане безбедна. Сега се чека 20ти август, а до тогаш граѓаните ќе преживуваат.
Нека чекаат граѓаните на Гостивар, владата на Мицкоски има екскурзија.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
ФОТО: СДСМ




