Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(47) од делчевско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“.

На 16.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка и ѝ упатувал закани, со што постапил спротивно на решението од Основен суд Делчево, со кое му е изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство.